




Не очекува прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.




Во петок и сабота не очекува слично време, додека стабилизација се очекува дури од недела.




Од УХМР објавија и актуелно предупредување до сите:




До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.




Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање.




Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.




Инаку од УХМР предупредуваат и граѓаните да не се движат на овие места во следните денови:











