Можете ли да замислите ова да ви се случи?!

Каула Лафхаили од Лондон не можеше да им верува на своите очи кога на 13-ти ја отвори кутијата во која требаше да се наоѓа нејзиниот нов iPhone.

Имено, таа преку фирма порачала уред кој чинел 1.500 фунти (околу 1.800 евра), а тие, како што се наведува, уредно и го испратиле на адреса. Следниот ден, кога требало да биде испорачан апаратот, жената била повикана од курир кој рекол дека е заглавен во сообраќај и дека ќе доцни.

Тој ден никој не се појави со пакетот, а следниот, Каула и нејзиниот сопруг од прозорецот видоа како доставувачот доаѓа во куќата, го фотографира и си замина, без воопшто да се обидат да заѕвонат на вратата и да го достават пакетот. .

Advertisement

– Откако нарачката не стигна тој ден, се јавивме во курирска служба да видиме за што се работи. Ни кажаа дека курирот ги известил дека се обидел да го достави пакетот, но дека нема никој дома, што е апсолутна лага, бидејќи сме биле таму – изјавила жената за локалните медиуми.

Таа додаде дека и било кажано дека пакетот ќе биде испорачан следниот ден, што и било.

– Дојде уште еден курир, уредно го донесе пакетот и си замина. Меѓутоа, вистинскиот шок дојде кога ја отворив кутијата: внатре немаше iPhone, туку само шише течен сапун за раце што чини околу 2 евра – рекла жената и продолжила:

– Можеш ли да замислиш? Бев во целосен шок и навистина ми требаше телефонот. Дефинитивно е украдено и е ужасно. Уплатив 150 фунти однапред и потпишав договор за 36 месеци, чија вредност е 1.500 фунти – истакна таа.

Измамената жена вели дека веднаш контактирала со компанијата од која го нарачала телефонот, која тврди дека го испратила. Се претпоставува дека телефонот бил украден на пат кон неа, но конечниот збор што точно се случило ќе го даде истрагата.

Advertisement