За жал, на некои соседи им пречи кркањето, па се пожалија кај локалните власти.

Наоми е девојка од Перу која има необично милениче.

Таа одгледува петел наместо куче или мачка .

Се започнало кога го нашла во ѓубре додека бил пиле старо само еден ден. Го однела дома и направила се за да го спаси. Таа му го дала името Клаудио.

Advertisement

Таа за Ruptly раскажа како го негувала и што направила за да го одржи петелот во живот

– Го ставив под посебно светло со посебна грејна ламба, исто така со облоги со топла вода, го завиткав во ткаенини за да биде топло навечер. Малку по малку, со лекови, со витамини, како Б комплексот што му го дадов, зајакна – објасни таа.

За жал, на некои соседи им пречи кркањето, па се пожалија кај локалните власти.

Ако сака да ја задржи птицата, Наоми треба да плати 233 евра кои ги нема.

Затоа покренала петиција против да и се одземе Клаудио, а документот го потпишале многу сограѓани.

– Да, се плашам бидејќи Клаудио не познава друго семејство освен нашето. Тој е навикнат на луѓе. Ќе го испратат на фармата и сите знаеме што се случува таму. Или ќе биде искористен за борби со петли, или едноставно ќе го убијат, бидејќи веќе го завршил циклусот на фармата. Тоа не ми изгледа фер, бидејќи тој е животно што чувствува.

Клаудио чувствува многу љубов што му ја даваме јас и моето семејство. Нема да дозволам да ми го одземат – истакна таа

Advertisement