Постојаната кашлица е карактеристичен симптом на бактериски или вирусни инфекции на органите за дишење, кои се придружени со густа секреција во грлото, синусите и белите дробови.




Овој пијалок треба да го пијат и пушачи и непушачи за да исфрлат токсини од белите дробови.
За овој пијалок за чистење на белите дробови, ви требаат:
- 400 грама кромид
- 1 литар вода
- 400 грама шеќер (ако сакате поздрава верзија користете мед или јаворов сируп)
- 2 лажици куркума
- ѓумбир корен со големина на еден палец
Подготовка:




Додадете шеќер во водата, ставете го на оган и оставете го да зоврие.
Исечете ги кромидните глави на четвртини, сомелете го коренот на ѓумбир и додадете ги и двете во засладената вода. Кога смесата повторно ќе зоврие, додадете куркума и намалете го огнот на потивко.




Оставете ја смесата да се свари додека количината на вода не се намали за половина. Потоа процедете го и ставете го во стаклена тегла. Кога ќе се излади целосно, ставете го во фрижидер.
Земете две лажички наутро на празен стомак и два часа по оброк.
Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











