Иако отсекогаш сонувала за мајчинството, оваа мајка неодамна признала дека се смета себеси за ужасен родител




Се омажила во дваесеттите години и е мајка на три деца. Иако ги сака своите деца, таа признава дека не е добра мајка бидејќи е премногу себична и самобендисана. Иако децата сега се пораснати, мајката признала дека никогаш не уживала да си игра со нив.




– Никогаш не сум била таква мајка која всушност сака да си игра со своите деца. Кога беа мали си играв со нив колку што можев, но сфатив дека после тоа станав многу раздразлива и нервозна – изјави таа за „The Sun“.




Незадоволната мајка признала дека се жалела секогаш кога децата ќе побараат од неа да направи нешто.




– Едноставно немав трпение за нив кога беа мали. И јас не се подобрив сега кога тие пораснаа.




Згора на тоа, уморната мама признала дека ги испраќа своите деца во спална соба секоја вечер точно во 8:30 само за да може сама да помине време гледајќи серии. Таа го прави ова за да ги научи „да не ја вознемируваат“, но знае дека тоа е себично.




Мама признава дека се обидува да се промени бидејќи сака нејзините деца да ја паметат како добра мајка, но вели и дека и е многу тешко да го промени своето однесување. Иако нејзиното признание наиде на многу критики, неколку жени решија да ја поддржат.




– За пофалба е што сте свесни за себе и за своите постапки. Верувам дека со малку труд ќе научите како да се поврзете со децата – рекла една мајка и додала дека: „Сите мајки понекогаш имаат лоши денови“.
ДАЛИ ЈА ОПРАВДУВАТЕ ИЛИ НЕ ОВАА МАЈКА ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!











