Ако мислевте дека сте единствените кои се будат среде ноќ, се лажете

Дали сте забележале дека често се будите во исто време во текот на ноќта, обично околу 3 часот? Не ве прогонуваат духови, ниту пак е нешто паранормално. За тоа има и професионално објаснување.

Ако ви се случи ова, немате за што да се грижите, особено ако брзо заспиете потоа. Алекса Кејн, психолог и експерт за спиење, смета дека ако се разбудите во три часот наутро, тоа не значи дека спиете лошо или имате несоница.

Во еден момент можеби сте имале причина да се разбудите во тоа време, можеби како одговор на апнеја при спиење или бебешки плач. Можеби вашето тело имало своја причина“ , изјави таа за Клиниката во Кливленд.

Advertisement

Постојат четири најчести причини зошто тоа се случува.
Првиот е низок шеќер. Мајкл Бреус, експерт за спиење, тврди дека некои луѓе јадат прерано, а телото останува без енергија до три часот наутро. Поради ова, мозокот се буди и испраќа сигнал за губење на енергија. Затоа советува да не се оди на спиење на празен стомак.

Друга причина е преминот од длабок во лесен сон. Спиењето има свои фази и циклуси. Прво доаѓа преминот од будност во сон, потоа лесен сон, потоа длабок сон, па РЕМ фаза, што всушност е лесен сон од кој телото полесно се буди.

Ако заспиете околу 23 часот, спиете во лесен сон околу 3 часот по полноќ и на тој начин можете полесно да се разбудите. Некој звук, топлина или светлина може полесно да ве разбудат. Затоа се советува да се затемни просторијата, да се изолира од звуци и да се одржува температурата во неа умерена.

Трета причина може да бидат нарушувања како анксиозност или стрес. Хормонот на стрес или кортизол се зголемува околу два или три часот по полноќ, а ако веќе сте под стрес или вознемирени, дополнително се зголемува, што може да ве разбуди.

Четвртата причина е возраста. Како што поминува времето и старееме, помалку време поминуваме во длабок сон, а разни работи полесно нè разбудуваат.

Advertisement