Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На некои места процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, вели Славчо Попоски во временската прогноза за Утрински брифинг.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е појава и на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО, но и понатаму ќе има услови за повремена и локална нестабилност.

Advertisement

Во сабота повторно ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Малку пониски температури ќе имаме утре, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

УВ-индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следниот период ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Advertisement