Уживајте и кажете ни како ви се допадна рецептот

Рецепт за домашна Нутела – потребни се помалку од 30 минути, а е многу поздрава и повкусна!

Кога сме расположени за нешто слатко , често сакаме самите да си правиме нови посластици – особено оние што се брзо готови. Палачинките се секогаш одличен избор, а денес се потсетивме како совршено одат со домашните слатки намази на кои тешко може да се одолее, пренесува danas.rs.

Можеби досега сте се обиделе да направите нешто слично, но овој рецепт е вистински хит и мора да го пробате! Оваа Нутела се подготвува за помалку од 30 минути и е многу поздрава од верзијата купена во продавница. Потребни ви се само неколку состојки: лешници, кокосово масло, какао, млеко и природен засладувач по ваш избор (мед, јаворов сируп или нешто слично).

Advertisement

Најпознатиот и на сите омилен намаз од чоколадо и лешник, Нутела, е замисла на италијанскиот слаткар Пјетро Ферер. Ви носиме рецепт како да го направите дома, за помалку од половина час и верзија која е поздрава од купена во продавница.

Состојки:

– 300 гр лешници – 2 лажици кокосово масло, стопено – 4 лажици јаворов сируп или друг природен засладувач – 4 лажици незасладено какао – 120 мл овесно или друго растително млеко – малку сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени Целзиусови. Обложете хартија за печење во плех и ставете ги лешниците на неа. Ставете во рерна 15 минути.

Жешките лешници ставете ги во кујнска крпа и тријте ги со раце за да се отстрани кората. Важно е да се отстрани што поголем дел од кожата бидејќи дава горчлив вкус.

Топлите лешници префрлете ги во блендер и блендирајте во интервали додека не добиете мазен намаз.

Се топи кокосовото масло на тивок оган, а потоа се меша со јаворов сируп, какао, млеко и сол. Додадете во блендерот и кратко измешајте. Доколку сакате малку потенок намаз додадете уште 2 лажици млеко.

Добиениот намаз префрлете го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Уживајте и кажете ни како ви се допадна рецептот!

Advertisement