За многу луѓе, киселата зелка брзо се расипува поради една грешка што е широко присутна во домаќинствата.

Домаќинките почнаа да киселат зелка, а покрај ајварот како традиционална зимска храна , на многумина им е омилена.

За многумина, киселата зелка брзо се расипува поради една грешка што е широко присутна во домаќинствата.

Затоа ви носиме трик кој сигурно ќе го спречи тоа, како и основните правила за најубава туршија.

Advertisement

На 30 кг зелка се става килограм сол. Се вадат првите листови, на коренот со нож се сече крст и главите се редат во буре. Со оглед на тоа дека се тркалезни и дека е невозможно уредно да се наредат, неколку главици зелка треба да се исечат на четвртинки и да се турнат меѓу цели глави за да стојат цврсто сите глави, па се става дрвена или пластична преса на врвот.

Луѓето обично ставаат камен или поголема тегла исполнета со вода над преса, и тоа е во ред кога бурето е полно до работ. Но, ако ви остане простор, ризикувате зелката побрзо да се расипува, поради напливот на воздух. Во овој случај, најдобро е да наполните голема најлонска кеса со вода и да ја ставите над зелката.

Advertisement