Хана едно утро се разбудила со болки во стомакот и грбот, а нејзиното семејство итно ја однело во болница, сомневајќи се за воспаление на слепото црево.




Хана Вајолет (24) е самохрана мајка на девојче (4) која редовно објавува сè за ненадејното раѓање на нејзината ќерка на TikTok. Имено, таа дури 50 минути пред породувањето не ни знаела дека е бремена.




Бременоста ја изненадила бидејќи цело време пиела апчиња за контрацепција. Таа објаснила како едно утро се разбудила со болки во стомакот и грбот, а нејзиното семејство итно ја однело во болница, сомневајќи се за апендицитис. Кога пристигнала во
– Тато ме најде во бањата наутро додека се грчев од болки. Се јавија на 911 и ни рекоа дека можеби имам апендицитис. Стигнавме во болница и сакаа да ми ја земат крвта, но имав толку многу болки што тоа не беше можно – рекла Хана во видеото.




Во болницата набрзо станало очигледно дека Хана, која тогаш имала околу 20 години, ќе се породи.
– Пристигнуваме во болница и сакаА да ми земат крв, но премногу ИМАВ БОЛКИ за да останам смирена. Две секунди подоцна ми пукна водењакот и тогаш ми рекоа дека имам контракции. Ги одведоа моите родители во друга соба да им објаснат што се случува, да им кажат дека ќе станат баба и дедо.
Таа додава дека ја замолила мајка и да биде со неа за време на породувањето, а татко и останал во чекалната и му се јавил на нејзиниот брат да му каже што се случува.




– 50 минути потоа родив девојче и сега сум самохрана мајка на здраво четиригодишно дете – рекла таа.
Во коментарите подолу, се појавија жени кои поминале низ слично искуство. И покрај апчињата останале бремени и дознале дури по неколку недели.




- Дознав во 27-та недела од бременоста – напиша една.
- И покрај апчето открив дека сум бремена во 34-та недела – додала друга.
- Изгледа дека Хана имала мешано искуство со медицинскиот тим задолжен за нејзината нега.
- Се породив 50 минути откако дознав дека сум бремена, а потоа морав да поминам два дена во болница со бабици кои немаа поддршка – вели таа во едно од претходните видеа.
- Но, во друго видео, таа ја објави својата благодарност до медицинската сестра која се грижеше за неа.
- На медицинската сестра која остана со мене цело време откако дознав дека сум бремена и која ми помогна при породувањето: Никогаш нема да те заборавам – рекла таа.



















