Дали го забележавте ова однесување?
Иако многумина би помислиле дека тоа е рефлекс, тик или само непријатност, бидејќи во моментов не можеме да се снајдеме, психолозите наведуваат дека нашиот мозок оваа ситуација ја толкува како стресна.
– Секој облик на несвесно допирање е обид да се утешиме – објаснуваат психолозите.
Автоматските дејства како што се гребење на главата или масажа на вратот се надворешен одраз на нашата внатрешна состојба. Една од теориите нагласена од психолозите е дека овие движења всушност изразуваат фрустрација.
Психолозите исто така веруваат дека повеќето несвесни гестови, кои вклучуваат допирање себеси, не се ништо повеќе од желба да се утеши себеси во време на стрес или несигурност.
Од друга страна, постои уште една дефиниција што е нешто помалку распространета од онаа што веќе ја објаснивме.
Се работи за начинот на кој човекот учи.
Постојат три вида на учење: Гледање, слушање и допирање. За оние кои учат гледајќи, веројатно ќе погледнат во небото во моменти на размислување, а оние кои учат слушајќи, ќе им го допрат увото. Невропсихолозите тврдат дека оние кои ја чешаат главата најдобро учат преку допир или движење.