Иако се идеален десерт и освежување, треба да внимавате на количината што ја консумирате




Јагодите се многу вкусни и можат да се консумираат во многу различни комбинации. Покрај тоа, тие се многу корисни за имунитетот и содржат голем број на витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни колку јагоди можат да изедат во текот на денот.




Јагодите содржат 60 грама витамин Ц и биоактивна супстанција полифеноли, кои се моќни антиоксиданти. Се препорачуваат за деца и возрасни кои боледуваат од анемија, а содржат и фолна киселина, витамин Е, провитамин А, витамини Б, како и минерали манган, железо, калциум и магнезиум.




Иако се идеален десерт и освежување, треба да внимавате на количината што ја консумирате, особено кога се во прашање помалите деца кои можеби се алергични на ова овошје.




Не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со вишок килограми или високо ниво на холестерол и триглицериди во крвта. Дури и да немате здравствени проблеми, потребно е да внимавате колку од ова овошје секојдневно ќе внесувате во организмот, објавено е на веб-страницата „Медикал дејли“.




Лекарите од британскиот универзитет во Оксфорд препорачуваат да ги консумирате само онолку колку што можете да соберете во рака, без додаден шеќер и само два или три пати неделно во периодот од 17 до 19 часот, се наведува на веб-страницата.











