Лукот кај народот најмногу е познат по тоа што го намалува високиот притисок, но и по неговите антибактериски, антивирални и антигабични својства. Во својот состав, најголем удел има една состојка, а тоа е алицинот.
Алицинот има најмногу антивоспалителни својства кои служат во бор-бата против многу бактерии, вклучително и Е. Коли. Голем број истражувања откриваат дека лукот може да ги намали шансите за создавање на кр-вни згрутчувања, тромби.
Најголема ефикасност се покажало доколку лукот се јаде наутро, на празен стомак бидејќи е многу ефективен во лекувањето на различни хронични болести. Студиите покажале дека јадењето лук наутро има исто влијание како да сте земале антибиотик.
Уште поефикасно е доколку се јаде пред појадок, бидејќи бактериите се најизложени во ова време од денот и многу полесно се ели-минираат. Доколку не можете да го јадете како таков, може да го комбинирате со мед, во чај, кисело млеко.
Покрај тоа, на сите ни се познати нутриентите кои ги содржи млекото. Како најважни се споменуваат калциумот, витаминот Д, фосфорот и калиум. Млекото се препорачува да го пијат сите оние на кои благопријатно им делува, не им прави проблем на стомакот и цревата.
Млекото најмногу се препорачува за жени кои влегле во петтата деценија од животот и се под потенцијален ризик од остеопороза. Комбинацијата од млеко и лук е одлична комбинација за сите оние кои имаат проблем со вишокот холестерол, затнати кр-вни садови, ишијас и за чистење на паразитите од цревата.
Овој топол напиток може да го пијат и деца и возрасни, па дури и здрави лица за зајакнување на имунитетот. Нема никакви несакани дејства, а покрај тоа ја забрзува циркулацијата, го релаксира телото и мускулите, го смирува мозокот..
Лекот потекнува од старата руска народна медицина и поради неговата ефикасност редовно се користел. Се подготвува многу лесно, а сè што треба да направите е да зовриете една чаша млеко (од 200 мл), а потоа во чашата да додадете 2 чешниња лук, исечкани и малку притиснати со виљушка за лукот да го испушти својот сок.
Така чешнињата кои се додаваат во млекото, се оставаат уште малку да се варат, отприлика 1-2 минути, а потоа напитокот се трга од рингла и се чека малку да се подизлади, па се пие. Оваа количина е за една употреба.
Вкусот воопшто не е лош, но доколку ви пречи вкусот на лукот може да додадете 1 лажичка мед за да го засладите. Напитокот е исклучително здрав доколку се пие навечер бидејќи има сопорифичен ефект. Најдобро е да испиете една чаша од ова млеко половина до 1 час пред да си легнете.
Лекот не се препорачува за оние кои се т ешко срцево б олни и склони на га-дење и по-враќање. Исто така доколку имате сензитивен стомак, избегнувајте го овој лек. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото.
Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











