Вака изгледа животот на еден Хрват во Данска. Многу Македонци не можеа да замислат таков живот.

Перо Карготиќ од Хрватска на Тикток покажа како изгледа неговиот стан во Копенхаген чија кирија месечно плаќа 1.100 евра. Имено, тој сакаше да опише каков е станот и какви погодности добива, што на Балканот би било незамисливо, ги има во својата зграда.

Карготиќ е студент во Копенхаген, а на социјалните мрежи споделува интересни работи за животот во Данска. Тој особено го привлече вниманието со видеото во кое покажува како изгледа станот и зградата во која живее .

„Замислете да платите 1.100 евра за 32 метри квадратни во Копенхаген, но затоа го имам сето ова. Објектот е отворен пред точно три месеци, така што се е ново. Освен што имаме две заеднички кујни и по два лифта на секој кат, имаме огромна тераса на врвот на зградата каде се одржуваат настани и забави“, започна тој со кадри од зградата.

Advertisement

На приземјето има перална со шест машини и четири сушилници, а она што беше особено интересно за луѓето од Балканот е тоа што станарите од зградата имаат апарат од кој можат да позајмат правосмукалка, Play Station, караоке, VR очила и јога мат.

Во коментарите под видеото тие се пошегуваа дека доколку случајно овие уреди би биле достапни во зградите на Балканот, ќе исчезнат „штом кажете бисквит“.

„Има и грицки, ако сакаш нешто да грицкаш, а не правиш ништо“, додаде Карготиќ, набројувајќи ги погодностите.

Тој напомена дека најдоброто од станот е што е на само 15 минути од центарот на градот и што метрото е пред зградата, пренесува „Кликс.ба“.

Advertisement