Потребни ви се: 2 литри зелен, црн или друг билен чај. На 1 литар вода, свежо зобриена додајте 2 мали лажички чај. Додајте помеѓу 70 и 100гр. Бел или кафеаф шеќер на литро топол чај.
Габата неможе да преживее без шеќер. Оладете го чајот на 20 до 25 °C (Од претопла температура габата може да умре).

Кога чајот ќе се олади, додајте го во стаклен, керамички, глинен или дрвен сад. Битно е да не е од метал. Ставете ја габата во течноста. Ако напитокот од камбуха го правите првпат, додајте ја и течноста која била со габата. За наредните подготовки чувајте од течноста која ќе биде во камбухата, за да додаете околу 10 % количина во новата доза како стартна точка.

Покријте го садот со тенка памучна ткаенина и врзете ја за да не влегуваат муви. Ферментацијата трае помеѓу 8 и 12 дена зависно од температурата, Што е потопла собната температура толку побргу ќе ферментира. Камбухата треба да топло и мирно место и никогаш не смее да се меша.

Температурата на камбухата не смее да падне под 20°C ниту пак да порасне над 30°C, а идеална тепмература е помеѓу 23°C и 27°C. Габата успева во затемнети или темни места, а изложување на сончева светлина може да ја оштети. На почетокот напитокот е благ, па постепено станува кисел. Ако сакате да биде благ треба постапката да ја прекинете порано.

Advertisement

Кога чајот ќе ја добие прават киселост (pH од ,7 до 3,2), извадете ја габата со чисти раце, ставете ја во сад и измијте ја со вода. Во садот ставете нов чај и вратете ја габата. Ферментираниот напиток без цедење ставете ја во стаклено шише и добро затворете. За да биде уште подобар напитокот оставете го уште 5 дена после ферментација. Така напитокот може да се чува со месеци.

Пијте го 3 пати на ден по 1дл. чаша-наутро, посе ручек и пред спиење. Камбухата постојано прави нов слој на површината на течноста. Можете да го оставите тој слој или да го одвоите. Тоа е нова габа, која можете да ја чувате во мал сад во фрижидер, за во случај ако нешто и се случи на габата која е активна.

Несакани ефекти

На почетокот кога ќе ја конзумирате камбухата може да почуствувате лошо, но тоа е поради процесот на детоксикација. Причината за тоа не камбухата, туку токсините кое вашето тело ги има и на тој начин ги отфрла. Затоа на почетокот подобро пијте го во помали количини. Кај поголемите несакани ефекти потребна е додатна детоксикација на телото.

Advertisement