Владико Господи Исусе Христе, Боже наш, Седржителу и Управителу на се! Свети и Свети Сеправолсвни, Царе над Царевите и Господар на господарите! Слава Тебе Кој живееш во безгранична светлина пред илјади и милиони свети Ангели и Архангели!

Прими ја мојата смирена молитва и направи секој што страда од лош дух или е маѓепсан од магии кои им штетат на Твоите луѓе, да се ослободи од нив и да се омиротвори неговиот дом, во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин.
Loading…

Ако магијата е ставена во праг, кожа, железо, под камен, под земја, под дрво, да се распрсне како чад или ако е напишана со мастило, крв човечка, крв на добиток или на риба, или со што и да е направена нека се распрсне од твоите раби. Ако магијата е врзана со многу јазли, е протната во коски, во гроб, низ игла, или фрлена во кладенец, како и да е направена,нека се ослободат Божјите слуги (имињата) од секакво зло дејство на нечестивиот дух, та, со смелост да викаат:

Господ е мојот заштитник, нема да се уплашам од никакво зло, зашто Ти, Господи, си со мене. Твојата десница ми дава спокој.

Advertisement

Ти се молам Боже Седржителу, по молитвите на Твојот смирен раб Кипријан, пружи ја Твојата моќна десница и милостиво погледни на твоите слуги (имињата)
и испрати им верен Ангел Пазител од секакво зло, за да Те славата Тебе, нашиот Искупител и Избавител, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Со крстот се раскинуваат сите ѓаволски мрежи, што ги плете околу нас лукавиот.
Затоа, секое утро и секоја вечер и секогаш кога ни е тешко во животот ( при гнев, голем страв, опасност, лош сон и др.) треба да се осенуваме со крстниот знак, читајќи ја следната молитва:

„Христовиот крст, осветен заради целиот свет, преку благодатта и Крвта на нашиот Господ Исус Христос ни е даден за оружје против сите наши видливи и невидливи непријатели, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. “ Амин.

Advertisement