Вкусен и здрав намаз кој брзо се подготвува.




Состојки:
- 2 варени јајца
- 1 конзерва сардини
- 50 гр кисели краставички
- 50 гр сечкан праз
- козјо сирење по вкус
- малку магдонос




Подготовка:




Варените јајца изгмечете ги со вилушка, додадете ситно сечкан праз, ситно исечканите краставици и ситно рендано сирење.
Advertisement
Сардините исцедете ги од маслото, па додајте ги и нив.




Додадете малку сечкан магдонос, сè добро измешајте и изладете малку.
Послужете со леб по избор.




Пријатно!
Advertisement











