Подароците треба да бидат израз на љубов и внимание, а не средство за омаловажување

Понекогаш празниците наместо топлина и заедништво, носат моменти на непријатност и конфликт, особено кога семејните односи се веќе затегнати. Една жена сподели приказна на Редит која предизвика бројни реакции и покажа како дури и навидум малите гестови можат да носат длабоко навредливи пораки. Имено, свекрвата за Божиќ и подарила вага – подарок кој јасно алудирал на нејзиниот физички изглед и килограми. Сепак, жената успеала достоинствено и хумористично да се справи со оваа провокација, давајќи ѝ „слатка одмазда“.

Предизвици со тежината и личен успех

Во своето признание, жената објаснила дека за време на пандемијата на корона вирусот се здебелила 30 килограми. Свесна за промените, таа одлучила да ја преземе контролата врз своето здравје и започнала со процесот на слабеење. Со постепена промена на начинот на исхрана и воведување физичка активност, таа успеала да изгуби еден до два килограми неделно, што е навистина импресивен резултат.

Advertisement

До септември, кога закрепнуваше од Ковид, достигна тежина од 75 килограми и беше горда на својот напредок. Сепак, се чини дека тоа не било доволно за нејзината свекрва, која очигледно чувствувала право да се меша во нејзините приватни одлуки.

Провокативен подарок

Нејзината свекрва одлучила да и подари вага за Божиќ – подарок кој, според зборовите на жената, имал намера да ја навреди и посрамоти. “Мојата свекрва ми купи вага за Божиќ, за која се знае дека е најлошиот подарок. Не ја гледам често, но нејзиниот подарок ме шокираше”, напишала жената на Редит.

Овој гест носеше јасна порака – непримерен и навредлив коментар за нејзиниот изглед и тежина, што дополнително ја наруши и онака кревката врска.

Слатка одмазда

Сепак, она што не го очекувала свекрвата е дека доцна дошол моментот кога ја подарила вагата. Жената веќе ја постигнала целта и ги изгубила килограмите поради што, како што верува, нејзината свекрва се обидела да ја посрамоти.

„ Моја одмазда е што додека ми ја даде вагата, веќе ги изгубив килограмите за кои се обиде да ме навреди и посрамоти“, напишала жената. Додала дека веќе поседува вага која работи, иако е постара и дека не и требала нова.

Разочарувањето на свекрвата беше очигледно, бидејќи нејзината порака не го постигна посакуваниот ефект. Сепак, жената уживаше во моментот на тивка победа, бидејќи со својот труд и упорност успеа да покаже дека не зависи од туѓите коментари или критики.

Оваа приказна предизвика многу реакции на Редит, а многу корисници го пофалија нејзиниот начин на справување со навредата. Некои дури предложија идеи за дополнителна „одмазда“:

„Препорачувам да и набави книги за самопомош во врската и крем против стареење“, напишал еден корисник.

„Дајте и ја таа вага за роденден“, советуваше друг.

„Заблагодарете и се на вагата секогаш кога ќе ја видите. Кажете ѝ дека е навистина убаво да имате мал потсетник за тоа како можете да ја одржите вашата идеална тежина“, додаде трет.

Advertisement