Едно од омилените места за одмор на нашите сограѓани во текот на летото е дефинитивно Грција! Иако Короната изминативе две години ги спречи многумина да одат на одмор, овојпат ситуацијата е многу поповолна!

Имено, сезоната на годишни одмори е во полн ек, а судејќи по редиците во агенциите и рестораните во Грција, туристите од кај нас и регионот едвај го дочекаа летото.

Она што можеби малку ги исплаши сите, се цените, но за време на престојот во Пефкохори се погриживме да нема место за страв.

– За една пијачка се дава комплет со две лежалки и чадор, во нашиот случај пиво, а цел ден го поминавме за само пет евра – изјави граѓанин.

Advertisement

Тој истакнува дека слична ситуација владее и кога сте гладни.

– Во еден од најпопуларните италијански ресторани плативме 14,30 евра за пица со пречник од над 40 сантиметри, кафе и кока-кола. Пица е 11, кафе 1,30, додека Кока е 1,80. Важно е да се каже дека пицата можат удобно да јадат двајца.

Соковите во продавницата започнуваат од 0,60 центи по лименка, додека пакувањето во шишиња започнува од 0,80 центи до 1,20 евра

Дека има туристи сведочат полните градини на ресторанот, но и плажите кои од ден на ден се полнат.

Во разговор со претставниците на агенции во Пефкохори дознаваме дека оваа сезона интересот е голем, и дека секој автобус до море е полн, а во агенциите кај нас секојдневно се прават редици, а телефоните постојано ѕвонат.

Според нашите соговорници, летниот одмор во 2022 година ќе биде на исто ниво со оној од 2019 година, за кој сите велат дека бил рекорден број ноќевања.

Advertisement