Дебелата невеста ослабе 63 килограми пред денот на венчавката и ги шокираше гостите со својата преобразба.




Клер Вилијамс (44) од Велс го поминала најголемиот дел од животот тешејќи се со храна. Таа е висока 152 сантиметри и тешка 125 килограми, па се помирила со фактот дека секогаш ќе биде дебела.
Меѓутоа, кога некој сурово го задевал нејзиниот вереник Метју (50) дека е во врска со „дебела жена“, таа решила да ги земе работите во свои раце и да тргне по патот на здравјето.




Таа сега е непрепознатлива. Таа одеше до олтарот со половина од тежината и ги запрепасти семејството и пријателите на нејзината венчавка.




– Да бев дебелa, мислам дека немаше да имам храброст да одам до олтарот. Слабеењето целосно ме оживеа. Сега сум полнa со енергија. Се чувствував прекрасно на мојата свадба – задоволна е Клер.




Бидејќи била буцка како мала, Клер со текот на годините постепено се здебелувала, па забележала дека се помирила со тоа.




– Секаква храна што ќе ја видам би ја ставила во уста. Јадев големи количини леб, речиси по еден леб на ден. Го јадев со секој оброк дневно – се присетува Клер.




Нејзината тежина ја спречила да биде мобилна. Ако седнеше на седиштето во авионот, воопшто не би станала, од страв дека повторно нема да може да го врзе појасот.




Сепак, по ослабувањето, Клер сфатила дека и таа има израсток на стомакот. Лекарите откриле дека се работи за тумор, па успешно го отстраниле. Се испостави дека не се работи за малигнен тумор.




Кога го запознала денешниот сопруг Метју во 2013 година, Клер добила храброст да тргне на патување за слабеење.
– Метју ме сака безусловно. Ме запозна кога бев дебела. Луѓето би го прашале зошто е во врска со таква жена. Да го немав, немаше да бидам здрава и среќна жена како што сум денес – смета Клер.











