Апсолутно сите ги фрламе стебленцата од цреша, бидејќи мислиме дека немаат никаква хранлива вредност. Верувале или не, тие се вистинско богатство за здравјето.

Црешите имаат многу лековити својства, богати се со витамините Ц, А и Е, го чистат организмот од токсини, а не го иритираат желудникот. Плодот на црешата е одличен извор на калиум, цинк, бакар, манган и железо. Ова овошје е одличен диуретик (може да го реши проблемот со вишокот вода во организмот), го намалува воспалението, но и нервозата, несоницата и главоболките.

Чајот од стебленца од вишни е одличен за бубрезите и уринарниот тракт, а може да помогне и при песок и камења во бубрезите.

Подготовката е многу едноставна, но бара стебленцата добро да се исушат на сонце, а потоа грст стебленца се варат во литар вода.

Advertisement

Покриената течност треба да отстои еден час и потоа да се процеди. Пијте 3-4 пати на ден. Чајот можете да го засладите со мед.

Чајот од стебленца е идеален сојузник во борбата против целулитот. За таа цел потребно е заедно со плодот да се сварат стебленцата.

Неопходно е:

  • 50 гр стебленца од цреша
  • литар вода
  • 500 гр цреши

Подготовка:

Истурете ги стебленцата со ладна вода, покријте и оставете да отстои преку ноќ. Наутро загрејте на тивок оган, па прелијте го целото овошје од цреша. По 20 минути процедете ја газата и пијте по две децилитри, пет пати на ден.

Advertisement