Жена лавица и апсолутен борец, која докажува дека годините се само бројка

Шалом Харлоу се најде на листата на Форбс за најплатени модели во 2007 година. Таа беше муза на брендовите „Шанел“ и „Диор“, но и една од милениците на покојниот дизајнер Џани Версаче.

Скаут на агенцијата Шалом ја откри на концерт на Cure, а се прослави на ревијата на Александар Меквин во 1999 година, а тоа беше одлучувачкиот ден кога и се отворија сите врати поради нејзината специфична и префинета убавина. . После тоа носеше ревии на сите други најпознати светски брендови.

Таа се испроба и како актерка, па можевме да ја видиме во филмовите како „Како да изгубите момче за 10 дена“ и „Ванила небо“, а ја водеше и емисијата „Куќа на стил“ на МТВ со колешката манекенка Амбер Валета.

Advertisement

Одеднаш, во 2013 година, таа целосно исчезна од светот на модата. Комбинацијата од Лајмска болест и труење со црна мувла речиси ја остави врзана за инвалидска количка. Како што вели таа, таканаречената фекална трансплантација, односно инфузија на филтрат на течна столица од здрав донор, која помага за нормализирање на цревната флора, помогнала да закрепне.

– Тоа беше прва во низата големи медицински интервенции кои буквално ми го спасија животот – изјави тогаш Шалом.

Сепак, отсекогаш важеше за жена која никогаш не се откажува, па минатата година на 48-годишна возраст се врати на пистата и воодушеви многумина.

– Многу сме среќни што Шалом се врати во IMG Models. Таа е дефиниција за супермодел и со својата работа влијаеше на креативноста на многумина и ги помести границите во индустријата – изјави директорот на агенцијата Иван Барт. Тој додаде дека е возбуден поради нејзините напори да го промовира холистичкото здравје преку нејзините идни проекти, на кои таа целосно се посветила во последните години.

Шалом е дефинитивно доказ дека жените не стареат со годините, туку дека сета убавина и сјај потекнуваат од енергијата, која е движечка сила зад сè.

Advertisement