Во телеграмата „База“ се тврди и дека Путин разговарал со Ковалев и дека тој е потенцијален наследник на лидерот.

Откако Владимир Путин беше снимен како разговара со мистериозен човек на Денот на победата, се верува дека тој би можел да биде негов наследник.

Снимката од разговорот на Владимир Путин со маж за време на парадата на Денот на победата во Москва и понатаму ја интригира јавноста. Се шпекулираше дека човекот еден ден би можел да го замени Владимир Путин. Иако неговиот идентитет се уште не е потврден, некои тврдат дека се работи за Дмитриј Ковалев.

Украинскиот возач на автомобилски трки Игор Сушко сподели видео на Твитер кое има повеќе од 45.000 прегледи. Тој тврди дека човекот со кој е Путин се вика Дмитриј Ковалев.

Advertisement

– Младиот човек со кој Путин имаше долг и искрен разговор на Црвениот плоштад е шефот на одделот на претседателската администрација Дмитриј Ковалев – напиша тој на Твитер и додаде дека идентитетот во овој момент не може со сигурност да се потврди.

– Веднаш почнаа да кружат гласини дека тој би можел да биде избраниот наследник на Путин – додаде Сушко.

На страницата База на Telegram, исто така, се тврди дека Путин разговарал со Ковалев и дека тој е потенцијален наследник на лидерот.

– Базата го откри идентитетот на млад човек кој разговарал за нешто со Владимир Путин по завршувањето на Парадата на победата. За време на преносот во живо камерата го сними нивниот разговор. Некои канали на Телеграма сугерираат дека младиот човек е идниот наследник. До Путин шета Дмитриј Ковалев, има 36 години, а (според Базата) е задолжен за еден од секторите на претседателската администрација – се наведува на страницата на Телеграм.

– На страницата на Ковалев има многу фотографии од хокеј. Можно е така да го запознал Путин – се наведува на страницата.

Иако Путин јавно не објави дека ќе поднесе оставка од функцијата руски лидер, сепак постојано се шпекулира за неговата здравствена состојба, продолжува Newsweek. Кремљ решително ги демантираше ваквите шпекулации.

Advertisement