Три знаци припаѓаат на групата луѓе на кои ќе им биде најтешко, според турскиот астролог Мурат Којун.
Лав
За Лавовите втората половина на октомври 2022 година ќе биде полна со изненадувања. Ќе мора да бидат повнимателни во односите со луѓето што ги сакаат, како и да се обидат да го спасат својот брак. Секоја врска мора да еволуира, што ќе биде нивна задача во втората половина на октомври 2022 година. Сè што сакаа поврзано со кариерата се менува, ќе си постават нови цели. Не се исклучени и други понуди за работа, па дури и промена на професијата.
Девица
Девиците ќе имаат можност конечно да ги отплеткуваат сложените семејни односи и да свртат нов лист. Ова не е нешто што тие го сакаат, и ќе страдаат многу, но долгорочно ќе биде добро за нив. Следниот месец ќе биде период на големи промени за претставниците на овој знак, кои ќе треба многу да се прилагодат, што воопшто нема да им се допадне. Астрологот ги советува „да ја испуштат топката“ и да прифатат се што им носи октомври 2022 година. Во спротивно, тоа само ќе ја влоши ситуацијата.
Скорпија
Од втората половина на октомври 2022 година, Скорпиите ќе бидат ставени на тест кога станува збор за семејството. Ова се однесува не само на потесното семејство и партнерите, туку и на блиските роднини. Можни се промени во бракот, се зависи од тоа дали ќе бидат спремни на компромиси или пак „ќе ја удираат главата од ѕид“. Втората половина на октомври 2022 година ќе ги научи да ја подобрат комуникацијата со другите преку бројни предизвици и проблеми на работа. Тие треба да се грижат за своето здравје.











