Ученик од прво оделение од основна школа во Орегон, Хантер Кмело, често каснел во училиште, а учителот, за казна го ставал да ја јаде ужинката позади картонска преграда, се со цел да го одвојат од останатите деца.

Причината поради која касни и неговата приказна ја објавила неговата баба која покренала лавина добри дела.

“Ова е мојот внук, Хантер. Оди во прво оделение. Автомобилот на неговата мајка некогаш не пали веднаш. Некогаш доцни и по неколку минути во училиште”, напиша на својот Фејсбук, неговата баба Лаура Ховер, покрај фотографијата од момчето кое седи позади картонска преграда во училишната кантина.

“Вчера во училиште задоцни една минута. Неговата мајка го открила ваквото казнување на момчето. Ова му го направиле шест пати и тоа поради нешто што не е во негова контрола. Ова го прават се со цел да го понижат пред останатите деца”, напишала бабата.

Advertisement

После тоа, приказната за ова момче се прочула по неговото соседство, а потоа во местото и градот. Приказната се ширела и дошла до салонот за користени автомобили, кои на нивните родители им донирале моноволумец марка Крајслер, а сопственичката на салонот ја платила доработката на возилото се со цел истото да биде 100% сигурно.

Начинот на кој училиште се однесувало кон момчето предизвика гневни реакции. Училиштето најави и посебна конференција за јавноста во која ќе се обратат повод овој инцидент.

Advertisement