Меган Вилис отпатувала во Њујорк за да ги организира деталите за својата венчавка, кога го запознала диџејот Марк Стоун, кој требало да пушта музика на свадбата. Тој веднаш ѝ се допаднал, но не придала значење на сето тоа, бидејќи претстоела свадбата.

Една година подоцна, Меган и сопругот веќе имале проблеми во бракот. Заминала кај сестра ѝ во Њујорк повторно и излегле во бар, каде го познала диџејот од својата венчавка. Тие почнале да разговараат, тој ѝ открил дека се разведува, а таа му кажала дека и во нејзиниот брак е лошо. Кога се развела, заедно отпатувале во Северна Каролина, каде и ја официјализирале врската.

„Во разговорите тој ми ги отвори очите дека сопругот се однесува лошо со мене. Ми беше пријател, но ми се допаѓаше. Како поминуваше време, сфативме дека уживаме во заедничкото време“, изјавила таа.

Тој е постар од Меган 23 години, но тоа не е пречка бидејќи неговиот дух уште е млад, а таа пак, за себе вели дека е „стара душа“. Марк има две деца од првиот брак, а се надеваат и на заеднички.

Advertisement

Тие се заколнале дека никогаш нема да ја кријат својата љубов пред светот. Својата приказна редовно ја споделуваат на Инстаграм и воопшто не се грижат за коментарите за разликата во возраста.

Advertisement