Последиците кои можат да настанат од прекумерното внесување сол се огромни.




олта има тенденција да се задржува во телото, но неопходна е и за добро функционирање на целото тело. Прекумерната употреба на сол доведува до разни пореметувања во телото, до таложење на течност во телото, што предизвикува висок крвен притисок . Тоа го оптоварува срцето и со текот на времето се зголемува ризикот од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и мозочен удар.




Солта се наоѓа во речиси сите преработени намирници. Затоа внимавајте колку сендвичи со колбаси или сирење јадете дневно, колку често користите мајонез, кечап, конзервирана храна, дали додавате зачини во оброците.




Ако овие намирници се присутни во вашата секојдневна исхрана, веројатно консумирате повеќе сол отколку што му е потребно на вашето тело. Затоа треба внимателно да ги слушате сигналите што ги испраќа вашето тело.




Норма на сол во исхраната за возрасен е 5 g (околу една кафена лажичка) дневно .
Симптомите кои исто така може да укажуваат на прекумерно внесување сол се:
- висок крвен притисок
- чести главоболки
- црвенило на лицето
- гадење
- прекумерно потење




Умерена количина сол, 2-4 g на ден, придонесува за одржување на добар крвен притисок, бидејќи е важна за волуменот на крвта. Недоволното внесување сол во организмот предизвикува низок крвен притисок, што повторно доведува до главоболки.




Нутриционистите препорачуваат да додадете сол во храната, по можност наутро. Факт е дека бубрезите почнуваат да работат напорно во доцните попладневни часови (18:00-19:00) и важно е во овој момент да не се оптоваруваме со дополнителни „порции“ натриум од храната. Но, наутро и попладне солта во исхраната само ќе биде од голема помош и ќе ја активира работата на организмот.




Тие исто така истакнуваат дека индустриските прехранбени производи не се најдобар извор на натриум.




Многу покорисни се морската, розовата и хималајската сол, кои за разлика од кујнската сол не содржат многу хлор и често се збогатени со магнезиум, калиум, јод и други важни материи.











