Луѓето сметаат дека барањата на оваа мајка се сосема несоодветни…

Голем број родители во одреден момент мора да се соочат со потрагата по доверлива личност, на која ќе му ја доверат грижата за детето главно за да можат да се вратат на работа. За да го оставите вашето дете со некого, потребна ви е голема доверба, но и доволно пари.

Сепак, една личност зад огласот за работа дадилка што стана вирален на Твитер ги откри нејзините невообичаено нереални очекувања. Луѓето сметаат дека нејзината реклама е шлаканица за вредните бебиситерки, како и за родителите кои се борат да најдат некој на кој ќе им веруваат.

– Училиштето почнува повторно, а тоа значи дека повторно ни треба бебиситерка. Мора да имате факултет или високо образование за да ги задржите нашите 5-годишни и 7-годишници интелектуално стимулирани – започнува анонимната реклама за мајка од САД.

Advertisement

Потоа се наведува дека кандидатите мора да бидат на возраст меѓу 24 и 28 години.

– Организирајте го вашето сместување, не претпоставувајте дека ќе останете кај нас. Да, имаме дополнителна соба, но привилегијата е заработена, не се претпоставува – продолжува таа.

Објавено е работното време според кое се бара еден час чување деца наутро и три и пол часа попладне, што би го оневозможило секое друго вработување, а имајќи предвид дека оваа мама нуди 18 долари (околу 1.000 дeнари. ) дневно, нема шанси некој во Америка да живее од тие приходи.

Таа додаде дека дадилката по нивен избор мора да носи грицки и храна не само за себе, туку и за децата.

– Нашите кујнски плакари ќе бидат заклучени додека сме на работа. Ќе треба да понесете и едукативни материјали како тетратки, бидејќи такво нешто не чуваме дома – продолжува огласот.

Патем, просечната плата за згрижување деца во Соединетите држави е околу 14 долари на час, според податоците на Бирото за статистика на трудот на САД од мај 2021 година.

Што мислите вие дали ќе се пријави некој на овај оглас?

Advertisement