Доколку ви се допаѓа вкусот на слаткото сирење, а сте љубители и на тестото, пробајте го овој лесен рецепт и направете кифлички од чизкејк!
Меки и слатки кифлички од чизкејк се прават многу лесно, а сигурно ќе ве маѓепсаат со својот вкус.
Состојки:
500 гр лиснато тесто
220 гр крем сирење
50 гр шеќер + 2 лажици шеќер
лажичка екстракт од ванила
една лажичка цимет
масло за пржење
Подготовка:
Во првиот сад измешајте цимет со две лажици шеќер.
Во друг сад изматете го крем сирењето, па додадете 50 гр шеќер и ванила.
Расукајте го тенкото тесто во круг и исечете го на триаголници (повлечете нож од центарот на кругот до работ).
Намачкајте ги триаголниците со шлаг сирење, па свиткајте ги во ролат, од поширокиот кон потесниот дел на триаголникот.
Загрејте го маслото во тава, а потоа испуштете ги ролатите во врелото масло и пржете ги од секоја страна по половина минута до една минута или додека не добијат златно кафеава боја.
Извадете ги од маслото и наредете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот масло. Посипете со шеќер и цимет.
Послужете со црвено овошје.











