Симптомите на Кронова болест не мора да бидат само дијареа и болки во стомакот, туку може да се појават и на сосема неочекувани места.




Кроновата болест е воспалителна болест на цревата која може да трае цел живот, и предизвикува многу непријатни проблеми. Може да „погоди“ човек од која било возраст и многу е важно навреме да се открие за да може да се одреди правилната терапија која ќе ги ублажи тешкотиите.




Кронова болест значи дека делови од дигестивниот систем постојано се под воспаление, поради што повеќето симптоми ќе се појават во желудникот, но има и симптоми на Кронова болест кои се појавуваат на сосема различни места.




Петте најчести симптоми на Кронова болест се:
- Пролив
- Грчеви и болки во долниот десен дел на стомакот
- Крв во столицата
- Замор или исцрпеност
- Необјаснето губење на тежината




Што помага при гасови и надуеност
Помалку познати симптоми понекогаш воопшто не се поврзани со дигестивниот тракт:
- Висока температура
- Болка или пецкање во очите
- Болки во зглобовите
- Гадење
- Појава на чирови во устата
- Печати на црвена, болна и отечена кожа на стапалата








Ако имате некој од овие симптоми , јавете се кај вашиот лекар за да утврди што е проблемот, но експертите велат дека најголемите знаци на тревога се следниве – ако често имате стомачни болки или грчеви, слабеете дури и ако јадете нормално, имате дијареа што трае подолго од седум дена или крв во столицата.











