Една фотографија од младенците ги збуни корисниците на Редит, а потоа ги полуде корисниците на другите социјални мрежи

На фотографијата се гледа среќен пар кој се сликал по венчавката, но нешто на сликата не е баш јасно. Имено, на сликата се гледа како младоженецот подига насмеана невеста, а изгледа како нејзините нозе да се закачени околу рамениците на младоженецот, како што пишува Мирор.

Повеќето на почетокот не сфатија што се случува на фотографијата, а многумина останаа многу збунети.

За што всушност се работи е дека кошулата на младоженецот е во иста боја како и нејзината венчаница и токму тоа ја создаде конфузијата. Ако се гледа од перспективата од која е направена фотографијата, неговите ракави изгледаат како да се нејзини нозе. Братот на младоженецот ја сподели оптичката илузија пред неколку години, а неодамна таа повторно стана вирална.

Advertisement

– Изминативе 10 минути се обидував да и објаснам на младата жена дека изгледа како нозете да и се прекрстени преку рамениците на нејзиниот сопруг, но таа тоа воопшто не го гледа – напишал во објавата братот на младоженецот. Младоженецот всушност и ги обвиткува бедрата околу неговите бели ракави, кои во комбинација со венчаница во иста боја даваат изглед на нозе. Покрај тоа, темниот раб на неговите панталони наликува на пар чевли.

– Не можев да разберам зошто нејзините нозе се кренати и кој точно е долниот дел. Веќе ме боли мозокот – напишала една изненадена личност. „Ми требаа добри десет секунди да сфатам дека неговата рака совршено се вклопува“, коментира еден корисник, додека друг се пошегува: „Изгледа дека лета во вселената и го носи со себе“.

Кој е вашиот коментар?

Advertisement