Потребни состојки:

    • 1 лажица кисела павлака
    • 1 лажичка слатка мелена пиперка
    • малку рендано сирење
    • 4 чешниња мелени лук
    • малку сув зачин
    • масло, сол, бибер
    • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка куркума или пилешки зачини
  • 1 лажичка соја сос
  • 700 гр пилешки крилцаПодготовка:

    Во сад ставете ги сите наведени состојки освен месото и убаво измешајте. Во приготвената смеса размачкајте го секое крило и наредете го во плех обложен со хартија за печење.

    Одозгора наросете малку масло и сусам. Печете на 210 степени C околу 45 минути. Крцкави и неописливо вкусни…

Advertisement