ЗА ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА

Потребни состојки:

  • 50 цветчиња невен
  • 100 г рузмарин
  • 100 г кантарион
  • 100 г мајчина душичка
  • 100 г семе од коприва
  • 1 литар појака ракија

*Доколку користите суви билки, можете да ја намалите количината за третина или половина. Истите можете да ги купите од Билна аптека.

Постапка:

Advertisement

Сите состојки се мијат и ситно се сечкаат па заедно со ракијата добро се затвораат во стаклена тегла. 

Се остава 15 дена на сонце или топло место, а секој ден се промешува неколку пати.

Се процедува низ цедалка или газа па се складира во стаклено шише.

Како треба да се употребува тунктурата:

Употреба: се консумира по една супена лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.

Дејство: тинктурата oвозможува подобра снабде­ност на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, склоноста за слепување на тромбоцитите, ја намалува мож­носта за создавање на тромб, делува на отпорноста и е­ластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ги отстранува болките во нозете, ги намалува отоците, чувството на трнење…

Исто така го намалува и нивото на триглицериди и холе­стерол во крвта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.

Advertisement