Сликата од пораката стана вирална на Инстаграм.

Кој би рекол дека луѓето оставаат вакви приватни пораки на автомобилите? Една жена останала во чудо откако добила рачно напишана порака на прозорецот од својот автомобил. На овој начин таа дознала дека нејзиното момче ја изневерило – и тоа со нејзината комшика. Пораката набрзо стана вирална на Инстаграм.

Еве како гласеше:

“Спиев со твоето момче. Ми рече дека сте раскинале. Живеам во станот 5D.”

Advertisement

А потоа и дала и 2 совети: “1. Испери си го автомобилот. 2. Откачи го (не мораш со овој редослед)”, ја посоветувала комшиката жена со чие што момче спиела.

Очигледно е дека тие две живеат многу блиску и дека оваа која ја оставила пораката почувствувала потреба да поразговара со неа, па и се обратила на необичен начин.

Многумина ја прокоментираа оваа порака на Инстаграм, воглавно со позитивни коментари до жената која се одлучила да превземе чуден потег.

“Би рекол дека таа е навистина добра комшика”, прокоментирал еден корисник на Инстаграм. “Искрено, јас би ја частел пијалок”, коментираше друг. Сепак, имало и такви кои ја осудиле нејзината забелешка во врска со валканиот автомобил.

“Би го ценела советот за момчето, но остави го мојот автомобил на мира и гледај си ја работата”, коментираше една девојка на Инстаграм.

Advertisement