Градоначалникот на Карпош запрашан за документарецот за болницата Жан Митрев вели дека државата претерала со либералниот однос кон приватните болници.

Не можете да дозволите некој кутар и болен кој ќе западне во болниците да му однесат цел имот и да го вратат назад во сандук. Пред секоја операција правите проценка, какви ќе бидат ефектите. Ако луѓето треба да продаваат станови за да човекот им го вратат на крај во сандук, тогаш државата треба да преземе мерки.

Слушам дека опреациите на срце, постоперативното опоравување на пациентите држава плаќа само за седум дена. А што ако некои луѓе останат подолго, вели Јакимовски.

Тој смета дека инспекциски треба да се стават под надзор и лупа приватните здравствени установи.

Advertisement

Мислам дека ни недостасува организација и поголема дисциплина во здравството. Ако ви кажам дека мојот сват како дипломат скрши нога и во нога чекаше 17 часа како дипломат. Кога го снимаа му рекоа ќе дојдете после десет дена на операција. Јас не би фрлал со дрвја и камења по докторите и здравствените работници оти тие ни ги спасуваат животите. Да ги сочекаме здравствените власти да си го кажат своето стручно мислење за таа работа.

Ако во оваа работа, во таа сторија со Жан Митрев има политика, се може да се случи, може да се заврши со притвори. Ако нема политики, таа работа може да излезе на чистина. Ако влезе политика може да се забошоти. Најдобро е тука да нема политика, додава тој.

Advertisement