Александар со своите следачи споделил исповед за тоа како му се одмаздил на неговиот татко кој не сакал да му го купи посакуваниот мобилен телефон.

Социјалната мрежа ТикТок станува се попопуларна на Балканот, но еден пост на момче по име Александар со потекло од Србија и неговата “одмазда на татко му поради мобилен телефон” ги налути многумина.

-Колку сте одмаздливи од нула до Александар? – ја започнува момчето приказната во која откри како планирал да преку татко му земе нов мобилен телефон. Како што вели тој, заедно со својата сестра заминале во продавницата, а договорот бил да им се придружи и таткото и да му го купи телефонот.

Меѓутоа, во последен момент, неговиот татко му соопштил дека 150.000 динари (75.000 денари) се многу пари и се откажал од намерата да му купи телефон.

Advertisement

-Јас доживеав нервен слом, се тресев, а сестрами ме влечеше. Тогаш го зедов својот телефон и започнав да ѕвонам во странство за да му направам сметка во вредност на телефонот. Ти мора да ги потрошиш тие пари, дали ќе ми купиш телефон, или ќе ја платиш сметката, вели момчето во снимката која набрзо се најде на Твитер и Инстаграм и стана вирална. Александар во меѓувреме го избришал првото видео, но пред тоа луѓе го симнале и самостојно го поставиле на интернет.

Кога сфатил дека е вирален и дека јавноста е шокирана и згрозена од неговата одмазда, објавил ново видео во кое се обидел да се оправда.

-Јас не сум искомплексиран, никој не ја знае позадината на приказната. Поентата на видеото не е дека морам да имам телефон од 150.000, туку доколку нешто ти вети, а потоа го промени мислењето. Јас би ја плаќал сметката, а тој требаше да ми купи телефон бидејќи јас немам сметка во банка. Јас би работел и сам би го отплаќал својот телефон, така да немојте да ме хејтате ако не ја знаете позадината – пораал Александар.

-Таа личност тие е татко, одсели се од дома и плаќај си ги сметките па навредуј го, вака не може – гласеше еден коментар под видеото.

Advertisement