Тој и дава се што сака.
Украинската манекенка Јана Орфева, според странските медиуми, е љубовница на саудиски принц и поради тоа секојдневно на нејзината сметка легнува огромна сума на пари. И во текот на нивната двегодишна врска тој и ја исполнува секоја желба.




Освен што поради „титулата љубовница“ секојдневно добива по околу 5.000 евра, саудискиот мултимилионер често и подарува луксузни патувања и скапи автомобили.




Понекогаш патува сама, а се чини дека многу повеќе и се допаѓа кога и се придружува принцот, бидејќи е опсипана со разни „знаци на внимание“! Додека на социјалните мрежи споделува бројни работи од приватниот живот, на нејзиниот профил на Инстаграм се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра , што, според странските медиуми, е мала работа за принц.




Над 175.000 луѓе ја следат Јана на Инстаграм , а тој број се зголемува секој ден. Таа знае многу често да се пофали со својата витка линија, но и со модните изданија.




Според информациите, оваа убавица со парите купила луксузни станови во Киев и Москва, а нејзините пријатели ја опишуваат како „добра и убава“, но „разгалена“. 











