Маџунот е природен лек и засладувач со долга традиција повеќе од 2000 години, колку што е и традицијата на одгледувањето на виновата лоза, според археолошките истражувања во Тиквешијата. Маџунот се правел од бели и од црвени сорти на грозје. Се вели дека маџунот од бело грозје е храна а од црвеното е лек.

Се смета дека маџунот е хранлив колку и мајчиното млеко па затоа во минатото и бебињата ги хранеле со маџун.

Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанци, танини, флавоноиди, антиоксиданси од кои и познатиот ресвератрол, гроздов и овошен шеќер и органски киселини.

Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај деца, рековалесцентни постари лица и спортисти. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, анемија, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, констипација, кардиоваскуларни заболувања и нарушена функција на црниот дроб.

Advertisement

Токму поради сите овие придобивки пред 4 години јас и мојот постар син Антонио почнавме професионално да се занимаваме со производство на традиционален маџун.

Антонио студираше во Пловдив а потоа живееше 4 год во Германија. Се започна кога тој реши да се врати во Кавадарци.

За производство на нашиот маџун го избираме најблагото и најздравото црно грозје, за потоа, за време на производството, добро да ја прочистиме гроздовата шира, користејќи нерѓосувачки садови за подготовка, но и со добро познавање на самата технологија на производство на маџун и секако, многу посветеност и љубов. Најчесто луѓето го купуваат нашиот маџун како лек за подобрување на имунитетот и крвната слика, за помош при проблеми со црниот дроб, за прочистување на респираторниот систем.

Како производители на Divinum Prime Madzun (Дивинум Прајм Маџун), сме учествувале на повеќе изложбени манифестации, но за најголемо достигнување го сметаме учеството на саемот за храна во Келн, Германија.

Саемот го носи името Ануга и е најголемиот саем за храна во светот кој се одржува на секои две години. Како единствени изложувачи на маџун наидовме на многу позитивни реакции од присутните.

Со оглед на тоа што имаме традиција во производство и конзумација на маџун и до ден денес маџунот за нас претставува комплетна замена за шеќер, односно го користиме како замена за шеќер при подготовката на разни торти и колачи, во кафето и други утрински напитоци.

Пораката:
Не чекајте друг да ви ја крои судбината. Правете го тоа што го сакате и го умеете најдобто. Не се откажувајте и тогаш кога мислете дека нема излез. Правете го посветено и со многу љубов.

Љубица од Кавадарци

Advertisement