Во љубовните врски честопати не гледаме или пак не сакаме да видиме дека односот со партнерот ни носи емотивни повреди и болка. Зошто тоа е така?




Веројатно барем еднаш во животот сте се нашле во ситуација да пробате да и објасните на вашата другарка дека се заљубила во погрешен маж и дека под итно треба да го остави. Ја слушавте нејзината приказна, и ги бришевте солзите и се чудевте како воопшто можела да се заљуби во некој како него.




Таквите анти(љубовни) приказни се многу чести. До душа, дури и почести од убавите љубовни приказни во кои партнерите се сакаат и се почитуваат. Зошто се случува тоа, зошто заљубеноста е слепа?




Во заљубеноста има нешто религиозно. Постојат одредени уверенија од кои не се откажуваме. Најчесто веруваме дека без оглед на фактите нашиот партнер некаде длабоко во себе е добар, внимателен и нежен, или пак веруваме дека лошиот партнер ќе се промени кога ќе сфати колку ние сме добри и внимателни. Целта на таквото религиозно однесување е нормално рај, меѓутоа во реалноста се случува обратното, емотивен пекол.




Целиот процес е длабоко подсвесен, бидејќи ако не е, не би упорно стоеле во место. Во фантазијата се е возможно. Доволно е да ги затворите очите и да одлутате. Вашата фантазија че ве убеди дека тој е добар длабоко во себе и дека едноставно треба само да се опушти за да сфати дека ве сака. Тоа мачкање на очите со фантазија е крајно нефункционално бидејќи ве повредува само дополнително, а четката со која ги мачкате вашите очи не е во вашите раце. Не знаејќи ниту како, ниту зошто едноставно во некој момент се наоѓате таму некаде, во љубовна идеја која е многу подобра од реалноста.




Едноставноста врз која се темели целиот тој процес е многу едноставна. Гласи: повреда + фантазија = заљубеност. Значи, кога погрешниот маж ќе ве повреди, наместо да реагирате со лутина или тага, почнува да се буди фантазија која повредата ја мота во целофан кој се вика заљубеност.




За жал, таквиот однос може да трае со години, па и цел живот. Можеби и познавате некоја постара жена која упорно за својот сопруг коцкар тврди : Ма, не тој не е таков, длабоко во себе е добар. Ова е само фаза која ќе ја надмине.




Фантазијата која цела оваа приказна ја разубува е како лотос кој извира од бара, а потоа на површината водата се претвара во преубав миризлив цвет. Тешките и мачни потиснати чувства во оваа метафора се барата, а цветот е преубавото чувство на заљубеност. И нормално, цветот секој би го поделил со саканата личност, но корените и барата… е тоа е нешто што мора да остане скриено!











