Водењето љубов е прекрасно задоволство за секој пар, но бакнувањето, потењето и размената на телесни течности кои се случуваат за време на играта не може да се каже дека се уреден природен процес.




Ова е причината зошто многу луѓе често чувствуваат потреба да брзаат да се тушираат после завршената работа. Дали тоа треба да се направи веднаш и што е всушност важно во хигиената?
„Нема медицинска причина зошто треба да има посебна хигиена“, вели едукаторка Ен Ходер. Секако, зависи и од тоа што се случува за време наиграта, општата хигиена и ризикот од инфекција.




Еве некои од најважните одговори на прашањата за хигиената.
Како да ги миете интимните делови од телото после забва?
Ова е трик прашање, навистина. Што се однесува до миење на вагината, нема. Вагината може совршено да се исчисти , дури и ако внатре има сперматозоиди. Освен тоа, обидот да ги земете работите во свои раце всушност може да направи повеќе штета отколку добро.




„Никогаш не користете производи кои тврдат дека ја „чистат“ вагината, особено без туширање! Вагината е прекрасен орган и нема апсолутно никаква причина да се нарушат процесите или микробиомот во вагината со сапуни, спрејови или други производи“, вели Ходер за Healthline.




Само измијте ја надворешноста и оставете ја вагината да се исчисти, но ако нешто сè уште ве мачи, можете при рака да имате бебешки марамчиња без мирис и нежно да се избришете. Доколку сте склони кон иритации на кожата или инфекции на уринарниот тракт, благиот туш после водењето љубов ќе ви даде мир на умот. Доволно е нежно да ги измиете усните со топла вода.




Дали треба да уринирате после водење љубов?
Ако ви се чини дека туширањето е премногу работа, често е тешко да станете од топол кревет, сепак треба да одите во тоалет. Уринирањето веднаш после завршена работа ги намалува шансите за инфекција на вагината или уринарниот тракт. Иако истражувањата не ја поддржуваат оваа теорија, многу жени тврдат дека тоа ги чува безбедно.




На овој начин телото се ослободува од вишокот течности, излегуваат сите бактерии кои биле внесени во уретрата. Така да мокрењето сигурно нема да му наштети. Сепак, не е неопходно веднаш да се брза.
Се би требало да биде во ред ако уринира во првите триесет минути.




Уште еден дополнителен совет: чувајте чаша вода покрај креветот и пијте вода пред, за време или после воодење љубов, секогаш кога ќе почувствувате потреба. Ова ќе ви помогне побрзо да одите во тоалет по односот.











