Еве што имаше на дното на торбата

Дека чудата се случуваат кога најмалку очекувате, покажа приказната на Линора Силверман, која во користена чанта пронашла нешто што не го ни очекувала.

Имено, таа на својот TikTok објави видео во кое покажа чанта што ја добила од продавница за ситници и објаснува дека има намера да ја исчисти, а потоа на самото дно пронашла писмо.

Писмото го напишала жена која била претходна сопственичка на чантата. Во него пишувало дека има три деца и дека ова е нејзиниот начин да помогне некому.

Advertisement

И тоа не е се: заедно со писмото, новиот сопственик на оваа користена торба добил и значителна сума на пари – 300 долари (18.000 дeнари).

На крајот од писмото пишувало дека ѝ ги дава овие пари и дека треба да оди да си купи нова чанта со нив. (objective.rs)

Advertisement