Старинските кифлички со пиво и кокос се десерт на кој секогаш се навраќаме
Состојки:
- За шербетот:
- 200-250 грама шеќер
- 150-200 мл вода
- За тестото:
- 400 грама брашно
- 250 гр маргарин или путер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- 50-60 грама кокос
- 200 мл пиво
- 100 грама кокос за посипување на кифличките.
Подготовка: Прво направете го шербетот за потопување на кифличките.
Во сад се ставаат брашното, ренданиот маргарин, ванилиниот шеќер, пивото, прашокот за пециво и се прави тесто. Расукајте го тестото, поделете го на еднакви триаголници, наполнете со џем и преклопете.
Advertisement
Кифличките печете ги на 180 Целзиусови степени додека не поруменат. Кифличките потопете ги во шербет, а потоа во кокосово брашно и оставете ги на страна, кога ќе се изладат послужете ги.
Извор: stil.kurir.rs
Advertisement











