Рецепт за старомоден пилаф – вака го правеле домаќинките на некогашниата Југославија, подобар нема, а тајната е во една посебна состојка.
Традиционален ориз по рецепт на домаќинки од поранешна Југославија и едно јадење кое секогаш со задоволство се прифаќа!
Рецептите кои ги наследуваме од нашите мајки и баби имаат посебна вредност и не можат да се надминат.
Состојки:
– 2 батаци
– 2 карабатаки
– 4 големи моркови
– 1 мал кромид
– 1 ловоров лист
– 250 гр ориз
– сол, бибер, суви зачини, масло
Подготовка:
1. Гответе супа од пилешко и морков со пржен кромид и ловоров лист. Додека се готви, додадете малку бибер.
2. На зејтинот кратко се пропржува оризот, па полека се додава водата од супата и повремено се промешува.
3. Кога оризот ќе омекне, а супата е речиси готова, исчистете го месото од кората и коските, а морковите исечкајте ги на долги парчиња. Во оризот додадете ги пилешкото и морковите, зачинете по вкус.
4. Намачкајте ја тавата со масло, истурете го оризот со месо и моркови. Израмнете ја смесата и печете во загреана рерна 15-20 минути.











