Лејла Залихиќ ја спаси својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави во Бутуровиќ Поље во БиХ
Лејла Залихиќ е мајка херој која скокна од третиот кат од својата куќа, преплива три километри низ поројот и ја спаси својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ Поље.
Како што пишува Коњичани, Лејла, ќерката, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поројот, а куќата им била уништена.
Без ориентација и со многу повреди во мрачната ноќ се спасени по повеќе од три километри растојание во Јабланичкото езеро.
Лејла има видливи повреди и е хоспитализирана , додека сопругот и ќерката се добро, додека потрагата по нејзината свекрва се уште е во тек.
„Ја посетивме сосетката Лејла Залихиќ… Приказна, траума и хорор искуство за цел живот. Ние, нивните сограѓани, соседи и бизнисмени мора да бидеме со нив денес, утре и секој нареден ден додека сето ова не се донесе на најдобра можна состојба“, напиша Арман Куртиќ.











