Идеален датум за ослободување од негативните емоции

Денес е енергијата на нумеролошката серија 6-6. Тоа е голема верба и надеж дека работите одат во насока во која треба. Ослободете се од сите грижи и стравови и можете да го постигнете она што го сакате.

Поволно е за семејните односи и можност за подобрување на вашата љубовна ситуација, која можеби и не била толку поволна.

6-6 е симбол на рамнотежа, па затоа е неопходно да се посветите на рамнотежата помеѓу духот, телото и умот. Бројот 66 има двојно поголема моќност од 6. Се смета дека е мајчин број, поради неговата негувачка енергија. Тоа носи мир, хармонија и љубов со цел да ја подобриме нашата благосостојба.

Advertisement

Бројката е поврзана со емпатија, сочувство и хуманитарна работа. Едноставно е, колку повеќе добро правите, толку подобро ќе ви се врати.

Кога ќе собереме 6 + 6 добиваме 12. Кога дополнително ќе го намалиме овој број, останува бројот 3. Во нумерологијата, бројот три е полн со оптимизам и претставува креативност и комуникација.

Денеска треба да ги оставиме сите грешки од минатото, да се посветиме себеси и нашиот развој и да ги решиме односите во кои моментално има лоша енергија.

Исчистете ги емоциите, срцето и ослободете се од товарот. На овој начин ќе привлечете остварување на желбите. Во никој случај не заборавајте да замислите искрена желба денес, разбудете ја својата моќ и верувајте дека се ќе биде во ред, најдобро за вас. Тогаш во тој момент ќе проработи енергијата 6-6!

Advertisement