0 граѓани се жалеле до Народниот правобранител за високите сметки за струја откако почна енергетската криза. Поради тоа Насер Зибери побара броилата да се читаат четирипати годишно за граѓаните да не добиваат фактурирани сметки без увид во реалната состојба на струјомерите.

-Пикот на претставките во однос на ова прашање беше при крајот на 2021 година кога и дојде и до зголемување на цената на електричната енергија, вели Зибери.

Според сегашната регулатива, обврска за читање на струјомерите е еднаш годишно. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вели дека се размислува е давање опција за граѓаните рамномерно да ги плаќаат сметките за струја во текот на целата година.

-Ако сака граѓанинот. Факт е дека се грее на струја можеби плаќа 6.000, 6.000 денари, па во март ќе плаќа 4.000, па во април 2.500 денари, па во летните месеци по 1.500. И за да биде порамномерно. Тоа е опција оставена за граѓанинот за да си направат порамномерна распределба на својот буџет, вели Бислимовски.

Advertisement

РКЕ се уште ги разгледува опциите колкави да бидат тарифните блокови за струja и се очекува следната недела тие да бидат утврдени. Планот е тие што трошат повеќе да плаќаат и повеќе.

Вчера беше објавен и калкулатор преку кој граѓаните ќе можат да пресметаат колкава ќе им биде сметката според потрошената енергија.

Advertisement