Како да заштедите на струја и паметно да ја користите климата

Последните денови во Македонија температурата е во пораст, горештините се веќе неподносливи, а лекарите апелираат никогаш да не излегуваме надвор од 10 до 17 часот. Исто така, нè советуваат да внесуваме што повеќе течности, да носиме памучна и воздушна облека, но и да се грижиме за исхраната и да ги елиминираме намирниците што не „греат“, а да го зголемиме внесувањето на оние кои „ладат“ и ни го радуваат тело.

Кога топлината е толку висока, престојот во стан и на работа е практично незамислив без клима уред. За да не ви се фати за глава на крајот на месецот кога ќе стигне сметката за струја, слушнете што вели експертот.

Колку и да е топло надвор, температурата во климата не треба да падне под 26 степени Целзиусови, вели хрватскиот експерт за пазарот на електрична енергија Ненад Куртовиќ и додава дека ќе заштедите дури 50 киловати.

Advertisement

„Климата може да троши околу 300-400 киловати месечно. Затоа, доколку купувате нови уреди, ви ја препорачувам највисоката класа А +++, кои се најскапи, но и најефикасни. Не треба да заборавиме и како тарифите за наплата на струја се пониски ноќе, кога е најевтино да се користат уреди“, изјави Куртовиќ за „Тпортал“.

Тој советуваше и да се исклучат сите извори на топлина, доколку нема потреба од нив, како што се светилките, а преку нив се загрева воздухот. Исто така, ако не гледате телевизија, најдобро е да ја исклучите наместо да ја оставите да работи само за да нема тишина во станот, бидејќи и тој испушта топлина. Во текот на попладневните часови, кога температурата е највисока, најдобро е да се затвори прозорецот и да не се дозволи топлината однадвор да навлезе, а навечер би било добро да се направи провев, за да се прочисти воздухот.

Според експертите, четиричлено семејство кое живее во стан од, на пример, околу 40 метри квадратни, со ваквото штедење може да заштеди од 1.750 до 3.500 денари.

Но сепак претходно потребно е да имате добра изолација дома.

Advertisement