Ретко кој не сака ваков вид пита со компири, а се прави многу едноставно и брзо

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 голем кромид
  • 2 лажички сол
  • 10 грама брашно
  • 100 мл масло
  • 2 лажици путер
  • бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите, изрендајте ги заедно со кромидот и посолете ги.

Advertisement

Ставете ја тавата во рерна да се загрее. Исцедете го вишокот вода од компирите и измешајте ги со брашно. Намачкајте ја тавата со масло, посипете ја смесата од компири и посипете со растворот од путер и масло.

Печете околу 40 минути додека не поруменат. НАЗДРАВИЕ!

Advertisement