Во последните години толку многу се зборува за консумирање млака вода со лимон, па затоа една жена решила да ја тестира ефикасноста на овој пијалок. Еве што откри таа…

Кристал Дејвис решил секое утро на празен стомак да пие чаша топла вода со лимон и мед. Беше упорна во тоа, а својот план успешно го реализираше точно една година и на крајот беше воодушевена од позитивните резултати.

„До пред неколку години купував пијалоци со лимон и мед во аптеките кога имав грип. Секако, немаше голема помош од нив, па, признавам, бев малку скептична кога почнав со овој предизвик“, ја започнува својата приказна Кристал.

Таа истакнува дека напитокот го направила од органски мед и лимон, а го пиела секое утро пред појадок во период од 12 месеци.

Advertisement

„Во класична шолја користам половина свеж лимон и една лажичка органски мед. Прво ја варам водата и оставам малку да се излади, колку да се раствори медот. Додадам и сок од лимон и го пијам веднаш по будењето. Меѓутоа, понекогаш лимонот има повеќе сок или е покисел, па додавам уште малку мед, треба малку да експериментирате“, откри таа.

После една година консумирање забележала бројни придобивки. Нејзиниот живот стана неспоредливо подобар, се чувствуваше посилна и поздрава.

„Цела година немав настинка, немав грип или стомачна болест, иако понекогаш имав чувство дека ќе фатам нешто, но тоа не се случи. Исто така, станав утринска личност и веќе не ми треба кафе.

Луѓето околу мене велат дека сега сум многу поубаво друштво наутро“, вели Дејвис со гордост.

Со нејзиниот заклучок на крајот се согласиле и лекарите. Имено, водата со лимон ја намалува киселоста на организмот, а познато е дека киселата средина одговара на развој на бактерии и разни болести. Исто така, овој пијалок обезбедува изобилство на витамини и минерали, а може да ја поддржи исхраната со поттикнување на елиминација на штетните материи.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

Advertisement