Внукот на Јосип Броз Тито откри која била неговата последна желба пред смртта.

Смртта на Јосип Броз Тито беше проследена со бројни контроверзи, од датумот на неговата смрт до неговиот погреб. Многумина веруваа дека се е лажно, а дека и во ковчегот што бил закопан не е пронајден претседателот на СФРЈ.

Сепак, неговиот внук Јошка Броз ги демантираше споменатите тврдења и откри какви биле неговите последни денови, како и нивната последна средба во Љубљана.

– Во целата таа мака се сети дека ми ветил дека ќе ми даде една од неговите карабини и ловечки пиштол. Ме покани кај него и ми даде карабина и пиштол – изјави Јошка.

Advertisement

– Се испостави дека операцијата е направена доцна. Веќе почна гангрена на бубрезите, па сепса, па вештачка кома… Бранко Лалевиќ тогаш ја исклучи таа машина. Зошто го велат тоа? Тој човек е мртов, зошто постојано го враќаме од гроб? Сето тоа е глупост – додаде Броз.

Тој нагласи дека се сеќава на секој последен момент со неговиот дедо.

– Сега велат дека викал поп , зборувал на странски јазици и пеел некои кинески и јапонски песни… Што викал кога бил во кома? Луѓе, тој не кажа ниту еден збор , само последната вечер, беше сабота, десната веѓа му се мрдна. Заминав за Белград во неделата наутро да си набавам чисти работи и да завршам некоја работа. Веднаш штом пристигнав, ми јавија дека починал. Само реков да не кажувам никому додека не стигнам таму. Веднаш се вратив во Љубљана, го ставив во ковчегот , бев присутен кога тој ковчег беше заварен.

Тој нагласи дека пред смртта побарал од него да му исполни една желба!

– Му го ставив прстенот на раката. Тоа беше неговиот прстен . Тој го побара тоа. Станува збор за прстен кој го добил од Сталин како подарок и со него бил погребан. Подоцна копија од таков прстен се појави и се продаваше низ Загреб – заклучил Јошка, пренесува Блиц Жена.

Advertisement